На подрачјето на Рава Буаја во Индонезија, локалното население има навистина необична терапија за превенција и лечење на разни болести.
Еден од најраширените и најпопуларните методи на лечење во овој дел од Индонезија е т.н. „железничка терапија".
Мештаните веруваат дека електричната енергија од железничките шини ја зголемува виталноста на телата и помага во лечење на болести како хипертензија, дијабетес, реума, гојазност и висок холестерол.
Оваа опасна терапија ја применуваат сите – од деца до најстари.