Site menu

Login form

Section categories

Main » 2011 » August » 31 » Неделен хороскоп од 29.08 - 04.09
4:40 AM
Неделен хороскоп од 29.08 - 04.09
Овен хороскоп | Oven horoskopОвен
21.03-20.04                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Седмицата пред вас ќе донесе предизвици поврзани со семејниот живот. Бидете љубезни и трпеливи, сè може паметно да се реши. Кај помладите ќе дојде до калкулирање по љубовните прашања и пак нема да бидат на чисто што сакаат.

Работа: Некои повеќе ќе му се посветат на семејството, па работата ќе им биде во втор план. Напнатоста ќе ја надвладеете со професионалност, па добро ќе функционирате. Помалите проблеми ќе бидат поврзани со уморот.

Здравје и совет: Не прифаќајте, ниту пак правете нешто по секоја цена.

ЉубовРаботаЗдравје
444


Бик хороскоп | Bik horoskopБик
21.04-20.05                              29 август до 04 септември 2011

Љубов: Ќе давате и изразувате емоции, но цело време еднакво силна ќе биде и вашата потреба за сигурност. Некои ќе отидат на пократко патување со саканата личност. Ќе им биде убаво ако не ги форсираат работите. Опуштете се и уживајте.

Работа: Она што го правите, ќе го правите лежерно, а ситуацијата објективно ќе бара посериозен пристап. На некој начин сте заштитени, но подобро согледајте ја позицијата на другите за да не ви замерат. Можно е ненадејно деловно патување.

Здравје и совет: Проверете ја состојбата на вашиот автомобил.

ЉубовРаботаЗдравје
544


Близнаци хороскоп | Bliznaci horoskopБлизнаци
21.05-20.06                              29 август до 04 септември 2011

Љубов: Во првиот дел од седмицата ќе бидете осетливи и емотивно фрустрирани, но со разум ќе излезете од тоа. Вториот дел од седмицата ќе ве отвори за комуникација, па со љубезен став ќе успеете да ги победите помалите тешкотии. Но, сè уште нема бајка.

Работа: Некои ќе се чувствуваат добро во рамките на својот дом и едвај ќе чекаат да избегаат од работа. Други ќе мора да се позанимаваат со прашања на сигурност на работа, како и со сопствената самодоверба. Ќе се снаоѓаат најдобро што можат.

Здравје и совет: Осетливост на грлото и пад на имунитетот.

ЉубовРаботаЗдравје
344

Рак хороскоп | Rak horoskopРак
21.06-20.07                              29 август до 04 септември 2011

Љубов: Ситуациите од вас ќе бараат тактизирање и трпение, а вие ќе вриете од внатре со силна потреба за акција. Ќе биде неопходно да се стане вистински мудрец кој знае кога треба да ги придвижи работите, а кога не. Објективно, вашиот приватен живот е солиден.

Работа: Многу е важно овие денови ништо да не правите со сила, иако на тоа ќе бидете наведувани. Би сакале да го разрешите она што ве мачи, да поставите некои нови професионални стандарди, но ништо нема да оди без проблеми. Ве очекува битка.

Здравје и совет: Секој ден на кратко исклучете се од сè.

ЉубовРаботаЗдравје
444

Лав хороскоп | Lav horoskopЛав
21.07-21.08                             29 август до 04 септември 2011

Љубов: Ќе бидете разиграни, по малку откачени, подготвени за разни лудувања. Ако и другата страна е подготвена на таков стил, ќе уживате заедно. Ако не е, би можела да ви префрла дека не сте сериозни. Тогаш ќе одглумите зрела личност и сè ќе оди понатаму.

Работа: Вашата наивност и креативност ќе ги испровоцираат вашите стари и тајни непријатели. Завидливите заобиколете ги, но кога ќе ги препознаете, бидете внимателни. Не сте свесни што сè можат да направат. Затоа бидете и професионални.

Здравје и совет: Ќе има нервози кои кај некои ќе се манифестираат како несоница.

ЉубовРаботаЗдравје
444

Девица хороскоп | Devica horoskop
Девица
21.08-22.09                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Пред вас е многу ветувачка љубовна седмица. Таа ќе ви донесе многу можности за складен развој на личните односи, за уживања и заљубувања. Излезете надвор.

Работа: Ќе делувате на повеќе фронтови. Мали истражувања на поситни работи ќе донесат и некои нови калкулации. Работите во кои ќе имате влијание ќе се развиваат одлично. Овие денови не позајмувајте пари на пријатели.

Здравје и совет: Мали вознемирувачки сништа, или несоници.

ЉубовРаботаЗдравје
545

Вага хороскоп | Vaga horoskop
Вага
23.09-22.10                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Сè што е сокриено и тајно ќе ве привлекува повеќе од вообичаено. Некои ќе флертуваат од забава. Истовремено со саканата личност ќе водите борба околу доминацијата во односот, што би можело да биде исцрпувачко за двете страни. Најдете компромис.

Работа: Веројатно ќе ве притискаат претпоставените со идеи и барања кои не секогаш ќе бидат на место. Тоа дополнително ќе ве нервира, па некои ќе покажат тврдоглав отпор, па така и ќе ги влошат работите.

Здравје и совет: Најдете секој ден по пет минути само за себе во мир и тишина.

ЉубовРаботаЗдравје
434

Скорпија хороскоп | Skorpija horoskop
Скорпија
23.10-22.11                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Некои ќе се послужат со еротика за да ја придобијат личноста која им значи. Вашиот стил на заведување обично пали, но овој пат ќе ви треба малку повеќе енергија и време за да го постигнете ефектот. Со добра подготовка, ќе успеете.

Работа: Во деловните теми кои се поврзани со креативност ќе функционирате одлично. Деловните потези во врска со законот ќе бараат многу внимателно размислување и советување. И ситниците ќе бидат важни, затоа внимавајте.

Здравје и совет: Телесно сте сосема добро, но ќе има мали нервози.

ЉубовРаботаЗдравје
445

Стрелец хороскоп | Strelec horoskop
Стрелец
23.11-20.12                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Колку и да се трудите, работите нема да изгледаат онака како што би сакале. Помудрите меѓу вас ќе се повлечат и ќе почекаат подобри љубовни прилики. Седмицата ќе биде добра за лични размислувања.

Работа: Главата ќе ви биде полна со идеи и ќе брзате да ги реализирате. Објективните околности од вас ќе бараат одговорен пристап кон работата и одработување на веќе утврдените задачи. Затоа едвај ќе наоѓате простор за презентација на претходно спомнатото.

Здравје и совет: Осетливост на желудникот. Внимавајте на исхраната.

ЉубовРаботаЗдравје
344

Јарец хороскоп | Jarec horoskop
Јарец
21.12-19.01                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Партнерот веројатно ќе ве провоцира и критикува, но вие ќе најдете доволно сила и мудрост со мудри потези сето тоа да го совладате. Ако прво помислите, ќе им одолеете на искушенијата да се скарате и сè ќе свртите во позитивна насока.

Работа: Пред вас се денови кога ќе мора да ја употребите својата самоконтрола. Ќе има напнатост, затегнатост и предизвици, но вие ќе имате сила и мудрост кои се гаранција дека ќе направите чекор напред и покрај проблемите.

Здравје и совет: Овие денови релаксацијата е императив.

ЉубовРаботаЗдравје
444

Водолија хороскоп | Vodolija horoskop




Водолија
20.01-18.02                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Вашата друштвеност ќе ве наведува да прифатите многу прилики за излегување. Поладите ќе склопат нови познанства кои ќе ги развеселат. Оние во врска ќе поминуваат низ мали надмудрувања со партнерот кои е најдобро да ги прифатат со хумор.

Работа: На работното место ќе биде многу променливо, еднаш лежерно, еднаш напорно. Ако кон тоа добро се прилагодите, ќе поминете уште една интересна работна седмица. Исто така, сфаќате дека за главните работи во моментов одлучуваат други, а не вие.

Здравје и совет: Занемарете ги ситниците и уживајте во животот.

ЉубовРаботаЗдравје
444

Риби хороскоп | Ribi horoskop




Риби
19.02-20.03                              
29 август до 04 септември 2011

Љубов: Вистина е дека ќе имате прилики за излегување и за дружење, но тешко дека овие денови во нив ќе најдете емотивна исполнетост и рамнотежа. Сè ќе биде површно. Деновите се добри за забава без многу очекувања. Некои ќе ги мачи копнеж.

Работа: Некои сè повеќе ќе работат со нови и млади соработници кои ќе ги воведуваат во работата. Други ќе мора подобро да се позанимаваат со ситници кои сè уште не се решени, а кои ќе им создаваат нервоза. Можни се и помали грешки од ваша страна.

Здравје и совет: На животот гледајте едноставно.

ЉубовРаботаЗдравје
344


Напомена: Неделниот хороскоп се обновува секој понеделник.



Category: Неделен хороскоп | Views: 1317 | Added by: dimitrake | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Name *:
Email *:
Code *:
Entries archive

Our poll
КОЈ ЌЕ ЈА ОСВОИ ПРЕМИЕР ЛИГАТА ОВАА СЕЗОНА?
Total of answers: 14

Site friends

Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0