Новак и Јелена ќе се венчаат во Србија и тоа во периодот додека се одржува Дејвис купот (16 до 18.09.2011), но и понатаму ќе живеат во Монте Карло...
...каде ќе го започнат својот заеднички живот. Ѓоковиќ и претходно има изјавено дека животот во странство му е поднослив затоа што нема толкава медиумска бука и ќе може да ужива со својата идна сопруга.
Првиот тенисер на светот додаде дека стабилниот емотивен живот многу ќе му помогне во кариерата и дека Јелена ја гледа како партнерка за цел живот, а како најдобар пример го наведува Роџер Федерер кој после венчавката „растури" на тениските терени.