Овен 21.03-20.04 29 август до 04 септември 2011Љубов: Седмицата пред вас ќе донесе предизвици поврзани со семејниот живот. Бидете љубезни и трпеливи, сè може паметно да се реши. Кај помладите ќе дојде до калкулирање по љубовните прашања и пак нема да бидат на чисто што сакаат. Работа: Некои повеќе ќе му се посветат на семејството, па работата ќе им биде во втор план. Напнатоста ќе ја надвладеете со професионалност, па добро ќе функционирате. Помалите проблеми ќе бидат поврзани со уморот. Здравје и совет: Не прифаќајте, ниту пак правете нешто по секоја цена.
Бик 21.04-20.05 29 август до 04 септември 2011Љубов: Ќе давате и изразувате емоции, но цело време еднакво силна ќе биде и вашата потреба за сигурност. Некои ќе отидат на пократко патување со саканата личност. Ќе им биде убаво ако не ги форсираат работите. Опуштете се и уживајте. Работа: Она што го правите, ќе го правите лежерно, а ситуацијата објективно ќе бара посериозен пристап. На некој начин сте заштитени, но подобро согледајте ја позицијата на другите за да не ви замерат. Можно е ненадејно деловно патување. Здравје и совет: Проверете ја состојбата на вашиот автомобил.
Близнаци 21.05-20.06 29 август до 04 септември 2011Љубов: Во првиот дел од седмицата ќе бидете осетливи и емотивно фрустрирани, но со разум ќе излезете од тоа. Вториот дел од седмицата ќе ве отвори за комуникација, па со љубезен став ќе успеете да ги победите помалите тешкотии. Но, сè уште нема бајка. Работа: Некои ќе се чувствуваат добро во рамките на својот дом и едвај ќе чекаат да избегаат од работа. Други ќе мора да се позанимаваат со прашања на сигурност на работа, како и со сопствената самодоверба. Ќе се снаоѓаат најдобро што можат. Здравје и совет: Осетливост на грлото и пад на имунитетот. Рак 21.06-20.07 29 август до 04 септември 2011Љубов: Ситуациите од вас ќе бараат тактизирање и трпение, а вие ќе вриете од внатре со силна потреба за акција. Ќе биде неопходно да се стане вистински мудрец кој знае кога треба да ги придвижи работите, а кога не. Објективно, вашиот приватен живот е солиден. Работа: Многу е важно овие денови ништо да не правите со сила, иако на тоа ќе бидете наведувани. Би сакале да го разрешите она што ве мачи, да поставите некои нови професионални стандарди, но ништо нема да оди без проблеми. Ве очекува битка. Здравје и совет: Секој ден на кратко исклучете се од сè. Лав 21.07-21.08 29 август до 04 септември 2011Љубов: Ќе бидете разиграни, по малку откачени, подготвени за разни лудувања. Ако и другата страна е подготвена на таков стил, ќе уживате заедно. Ако не е, би можела да ви префрла дека не сте сериозни. Тогаш ќе одглумите зрела личност и сè ќе оди понатаму. Работа: Вашата наивност и креативност ќе ги испровоцираат вашите стари и тајни непријатели. Завидливите заобиколете ги, но кога ќе ги препознаете, бидете внимателни. Не сте свесни што сè можат да направат. Затоа бидете и професионални. Здравје и совет: Ќе има нервози кои кај некои ќе се манифестираат како несоница. Девица 21.08-22.09 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Пред вас е многу ветувачка љубовна седмица. Таа ќе ви донесе многу можности за складен развој на личните односи, за уживања и заљубувања. Излезете надвор. Работа: Ќе делувате на повеќе фронтови. Мали истражувања на поситни работи ќе донесат и некои нови калкулации. Работите во кои ќе имате влијание ќе се развиваат одлично. Овие денови не позајмувајте пари на пријатели. Здравје и совет: Мали вознемирувачки сништа, или несоници. Вага 23.09-22.10 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Сè што е сокриено и тајно ќе ве привлекува повеќе од вообичаено. Некои ќе флертуваат од забава. Истовремено со саканата личност ќе водите борба околу доминацијата во односот, што би можело да биде исцрпувачко за двете страни. Најдете компромис. Работа: Веројатно ќе ве притискаат претпоставените со идеи и барања кои не секогаш ќе бидат на место. Тоа дополнително ќе ве нервира, па некои ќе покажат тврдоглав отпор, па така и ќе ги влошат работите. Здравје и совет: Најдете секој ден по пет минути само за себе во мир и тишина.
Скорпија 23.10-22.11 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Некои ќе се послужат со еротика за да ја придобијат личноста која им значи. Вашиот стил на заведување обично пали, но овој пат ќе ви треба малку повеќе енергија и време за да го постигнете ефектот. Со добра подготовка, ќе успеете. Работа: Во деловните теми кои се поврзани со креативност ќе функционирате одлично. Деловните потези во врска со законот ќе бараат многу внимателно размислување и советување. И ситниците ќе бидат важни, затоа внимавајте. Здравје и совет: Телесно сте сосема добро, но ќе има мали нервози. Стрелец 23.11-20.12 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Колку и да се трудите, работите нема да изгледаат онака како што би сакале. Помудрите меѓу вас ќе се повлечат и ќе почекаат подобри љубовни прилики. Седмицата ќе биде добра за лични размислувања. Работа: Главата ќе ви биде полна со идеи и ќе брзате да ги реализирате. Објективните околности од вас ќе бараат одговорен пристап кон работата и одработување на веќе утврдените задачи. Затоа едвај ќе наоѓате простор за презентација на претходно спомнатото. Здравје и совет: Осетливост на желудникот. Внимавајте на исхраната. Јарец 21.12-19.01 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Партнерот веројатно ќе ве провоцира и критикува, но вие ќе најдете доволно сила и мудрост со мудри потези сето тоа да го совладате. Ако прво помислите, ќе им одолеете на искушенијата да се скарате и сè ќе свртите во позитивна насока. Работа: Пред вас се денови кога ќе мора да ја употребите својата самоконтрола. Ќе има напнатост, затегнатост и предизвици, но вие ќе имате сила и мудрост кои се гаранција дека ќе направите чекор напред и покрај проблемите. Здравје и совет: Овие денови релаксацијата е императив.
Водолија 20.01-18.02 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Вашата друштвеност ќе ве наведува да прифатите многу прилики за излегување. Поладите ќе склопат нови познанства кои ќе ги развеселат. Оние во врска ќе поминуваат низ мали надмудрувања со партнерот кои е најдобро да ги прифатат со хумор. Работа: На работното место ќе биде многу променливо, еднаш лежерно, еднаш напорно. Ако кон тоа добро се прилагодите, ќе поминете уште една интересна работна седмица. Исто така, сфаќате дека за главните работи во моментов одлучуваат други, а не вие. Здравје и совет: Занемарете ги ситниците и уживајте во животот.
Риби 19.02-20.03 29 август до 04 септември 2011 Љубов: Вистина е дека ќе имате прилики за излегување и за дружење, но тешко дека овие денови во нив ќе најдете емотивна исполнетост и рамнотежа. Сè ќе биде површно. Деновите се добри за забава без многу очекувања. Некои ќе ги мачи копнеж. Работа: Некои сè повеќе ќе работат со нови и млади соработници кои ќе ги воведуваат во работата. Други ќе мора подобро да се позанимаваат со ситници кои сè уште не се решени, а кои ќе им создаваат нервоза. Можни се и помали грешки од ваша страна. Здравје и совет: На животот гледајте едноставно.
Напомена: Неделниот хороскоп се обновува секој понеделник.
|