Заробени сте во замок и вашиот чувар решил да ве стави во искушение да бидете ослободени, но при тоа соочувајќи ве со голем ризик. Ве насочуваат кон 2 врати...
...пред секоја од нив стои по еден стражар.
Едната врата води кон бесилка на која ќе бидете обесени доколку ја изберете таа врата, а другата води дирекно кон излезот од замокот и вашата слобода.
Кажано ви е дека едниот стражар постојано лаже, а другиот може само да ја кажува вистината.
Немате никаков показател кој стражар лаже, а кој ја кажува вистината, ниту пак, која врата каде води.
Вашиот чувар ви дозволува да поставите само ЕДНО прашање.
На почетокот помислувате дека е невозможно, но во еден момент добивате инспирација. Прашувате едно прашање и без проблем го добивате точниот одговор која врата води кон вашата слобода.
Ја избирате точната врата, и ја добивате вашата слобода.
Кое е прашањето што ќе го поставите?
Оставајте ги вашите одговори во коментарите. На крајот на денот ќе биде објавен точниот одговор.